Во големото градско дерби ,,Де Ла Капитале,, Рома со 1-0 стигна до победа против Лацио во нивната 199-та пресметка.
Тимот на Лацио повеќе ја имаше топката во свој посед, повеќе напаѓаше но никако не го пронајде патот да ја затресе мрежата на Рома.
Домашните фудбалери тоа го искористија и преку Манчини во 42-та минута на асистенција на Дибала стигнаа до водство од 1-0 за голема радост на навивачите на римската ,,Волчица,,.
Со тој резултат се замина на паузата, а во вториот дел Лацио уште на стартот беше решен да го израмни резултатот.
Новиот тренер на Лацио, Игор Тудор внесе офанзивни играчи кои вложија напор за да постигнат гол. Иако ја затресоа мрежата, сепак голот беше поништен поради офсајд.
Во продолжение Ел Шарави ја погоди стативата и беа блиску до втор гол, но сепак на крајот оној од првиот дел се покажа како клучен за мечот.
Така Рома славеше во градското дерби и стигна до 74-тата победа во меѓусебните дуели. Лацио остана на 58 победи.
Со новите три бода Рома има 55 два помалку од Болоња која е четвртта на табелата и има меч помалку.
Лацио остана на 46 на седмото место, но прашање е дали ќе го задржи затоа што Наполи има меч помалку и бод помалку.