Македонскиот олимписки комитет (МОК) утре во Аеродром, ќе го организира „Олимпискиот пикник“. По повод 6 април, меѓународниот ден на спортот за развој и мир, МОК ја обновува традицијата на „Олимписки пикник“.
Манифестацијата ќе се одржи во кругот на СЦ „Јане Сандански“ ” (тениски игралишта).
Наменета е дружење меѓу спортските великани, спортски работници, новинари, спортисти поддржувачи на спортот.
Настанот ќе биде пропратен со музика и естрадни ѕвезди а ќе биде промовирана и новата навивачка песна која со сигурност ќе ја слушаме на трибините бодрејќи ги нашите спортисти.
Настанот почнува во 12:00 часот.
Како увертира (11 часот), во големата сала во „Јане Сандански“ ” ќе се одигра и кошаркарското финале од училишните игри на Општина Аеродром.