Екипата на Милан славеше победа на гостувањето кај Фиорентина со 2:1 во натпревар од 30.коло на Серија А.
На дуелот одигран во Фиренца, головите беа постигнати во период од шест минути игра во второто полувреме.
Гостите поведоа во 47-та минута со голот на Рубен Луфтус Чик, по акцијата на Рафаел Леао. Само три минути (50) подоцна Дункан израмни на 1-1. Помина исто толку време (53) кога Леао повторно му донесе предност на Мила, сега од 1-2.
Милан кој е втор на табелата зад Интер, сега има предноста од 6 бода во однос на трето пласираниот Јувентус кој денеска загуби од Лацио.