Откако минатата недела се играа на натпреварите од четвртфиналната фаза во Купот на Македонија, продолжуваат натпреварите во женската Супер лига со натпреварите од 18 коло. Во него фаворитките не би требало да имаа проблеми да стигнат до бодовите.

Тоа веќе го сторија ракометарките на Куманово кои убедливо славеа во вчерашниот дуел против Астибо (35:27).

Во текот на денешниот ден на програмата има закажани четири натпревари.
Скопје го пречекува тимот на Металург Автокоманда во спортската сала ,,ФФОСЗ”, додека Спартак гостува кај екипата на Чаир.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров за противник ова коло го има тимот на Деспина од Прилеп. Натпреварот ќе се одигра во ,,Христо Батанџиев”. Во последниот натпревар за денес ќе го одиграат екипите на Вардар и Шампион.

Утре на програмата се два натпревари. Гевгелија игра против тимот на Пелистер во Гевгелија, а Овче Поле ја пречекува екипата на Стружанка во Свети Николе.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 18.КОЛО
Сабота

14.00 СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
15.00 ЧАИР – СПАРТАК
18.30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА
19.30 ШАМПИОН – ВАРДАР
Недела
16.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА
16.00 ГЕВГЕЛИЈА – ПЕЛИСТЕР
Вчера (петок)
КУМАНОВО – АСТИБО 35:27

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 49 бодови, Куманово 45, Металург Автокоманда 43, Чаир 43, Вардар 37…

Ивона Кимовска