Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два квалификациски натпревари за Европското првенство 2024-та.
Македонските ракометарки се на добар пат да го потврдат својот настап на континенталниот шампионат. Тие е второ рангирани во групата зад Шпанија, а пред Литванија и Азербејџан.
Селекторот Кристијан Грчевски го скрати списокот на кој сега има 20 ракометарки, но и три промени. Емилијана Ризоска и Сара Стефаноска, ќе ги заменат повредените Сања Дабевска и Ива Божиновска, а на местото на голманката Слободанка Кицеска повикана е Ема Кирова.
На Македонија доволен ќе и биде и нерешен резултат на првиот меч против Азербејџан, доколку Шпанија ја потврди фаворитската улога и слави над Литванија.
Првиот натпревар Македонија ќе го играат во Баку, против Азербејџан на 3 април од 14 часот.
Пласманот на европското првенство, македонските ракометарки ќе може да го прослават со својата публика во дуелот со Литванија. Тој натпревар е закажан за 7 април од 18 часот, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Собирот на ракометна репрезентација е закажан во понеделник (1 април) во 8 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.