Екипите на Алкалоид и на Вардар им се приклучија на Еурофарм Пелистер и на Тиквеш во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија.
Многу повеќе неизвесност имаше на „финалето“ од групата 2, каде Бутел водеше на полувреме против фаворитот Алкалоид со 11:9, но на крајот сепак се радуваа ракометарите на тренерот Кирил Лазаров кои славеа победа со 23:20. Бутел подобро го „отвори“ дуелот и поведе со 4:1, за потоа Алкалоид постојано да го брка резултатот. Во финишот на првиот дел имаше две изедначувања (6:6 и 7:7), за потоа Бутел да стигне до +2 на полувреме. Беше јасно дека „тенката“ клупа и отсуството на првиот стрелец Филип Николов ќе биде проблем за бутелчани. На почетокот на вториот дел Алкалоид стигна до изедначување, а откако последен пат беше нерешено 16:16 (деветто изедначување) во 41.минута, Алкалоид направи серија од 4:0 што се покажа решавачка за конечната победа. Мартин Серафимов со 9 голови беше најефикасен, но најдобри поединци во екипите беа голманите Благојче Трајкоски кај Алкалоид со 13 и Бојан Блажевски кај Бутел со 11 одбрани.
Вардар рутински стигна до победата над Голден Арт КЛ 7 32:23 (17:9), а најефикасне на дуелот беше Стефан Петриќ со 9 голови. Воедно екипата на Вардар ја има улогата на бранител на пехарот во ова натпреварување.
Завршниот турнир од Купот на Македонија предвидено е да се игра од 17-19.мај, а местото дополнително ќе биде одредено, а параовите ќе се одредат со ждрепка.