Фаворитите ги оправдаа очекувањата, па сите обезбедија пласман во финалните натпревари од групната фаза во Купот на Македонија. Последни тоа го сторија екипите на Алкалоид и Вардар и тоа на убедлив начин.
Во втората група чии натпревари се играат во Автокоманда, Алкалоид го надигра Вардар Неготино со 20 голови разлика и закажа финале со Бутел.
Бранителот на трофејот Вардар гостуваше кај Радовиш кого го совлада со 21 разлика, па во финалниот меч од третата група ќе игра против Голден Арт. Во останатите две групи финалните парови ги сочинуваат, Тиквеш – Мулти Есенс и Охрид – Еурофарм Пелистер.
Победниците од утрешните финални натпревари ќе обезбедат пласман на завршниот фајнал-фор турнир закажан за мај месец.
РАКОМЕТ КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА
Група 1 E. ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 23-26 ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС 23-27 сабота финале (сала, Јасмин, Кавадарци) 18.00 ТИКВЕШ – МУЛТИ ЕСЕНС | Група 2 БУТЕЛ – СТРУГА 24-18 АЛКАЛОИД – ВАРДАР Неготино 48-28 недела финале (сала, Автокоманда, Скопје) 18.00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ |
Група 3 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ 22-32 РАДОВИШ – ВАРДАР 21-42 недела финале (сала, _____) ___ ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР | Група 4 сабота ОХРИД – СКОПЈЕ 40-24 Е. ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 40-21 сабота финале (сала, Билјанини извори, Охрид) 19.30 ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР |