Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, попладнево ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2026 година.
Попладнево во Копенхаген (16.30 часот) е закажана ждрепката за шампионатот што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари до 1 февруари 2026 година).
Македонските ракометари извлекувањето ќе го чекаат од вториот шешир. Во него се и: Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција. Овие селекции сигурно нема да бидат противници на црвено-жолтите.
32-те репрезентации ќе бидат поделени во осум групи по четири селекции. Квалификациските натпревари ќе се играа во три термини почнувајќи во октомври годинава (4 до 10). Следната година натпреварите ќе се играат во март (10 до 16) и во мај (5 до 11).
Пласман на Европскиот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани селекции од групите, како и четири најдобро трето рангирани од осумте групи.
Потсетување дека македонските ракометари во мај месец ги очекува двомечот со Фарските острови, преку кој се брка настап на Мундијалот следната година во Данска, Норвешка и Хрватска.