Репрезентацијата на Грузија е првиот финалист во баражот за влез на ЕП 2024. Во натпревар без изненадувања Грузијците беа подобри од Луксембург со 2:0.

Во првиот дел Грузија поведе со 1:0, а стрелец на голот беше Зивзиваѕе во 41.та минута.

Во вториот дел Гибралтар имаа поништен гол поради фаул во 53.та минута и црвен картон на Чанот во 58.та минута. Зивзиваѕе го постигна својот и за Грузија втор гол во 64.та минута.

Со оваа победа Грузија се пласира во финалето од Лига „Ц”.

Вечерва (20.45 часот) се играат останатите полуфинални натпревари:

БАРАЖ ЗА ЕУРО 2024
Лига „А“ – полуфинале

20.45 ПОЛСКА – ЕСТОНИЈА
20.45 ВЕЛС – ФИНСКА

Лига „Б“ – полуфинале
20.45 ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД
20.45 БИХ – УКРАИНА

Лига „Ц“ – полуфинале
ГРУЗИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 2-0
ГРЦИЈА – КАЗАХСТАН