Ривалството меѓу Трабзонспорт и Фенербахче уште еднаш се повтори на вечерашниот натпревар.
Дуелот од 30.коло го доби Фенербахче како гостин со 2:3.
Барди беше стрелец на ефектен гол за 1:2, но неговиот погодок остана во сенка на немилите сцени.
Дербито покрај со голови изобилуваше со бројни жестоки стартови. Кулминацијата дојде во 10-тата минута од судиското продолжени (100-та) кога домаќините со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување.
Во хаосот кој настана на теренот, македонскиот капитен Барди, ги спречуваше да дојде до поголем инцидент.
Жестоко беше и по последниот судиски свиреж, кога во теренот влета голем број на домашни навивач кои сакаа да се пресмета со фудбалерите на Фенер.