Фудбалерите на Штутгарт остварија нова победа во Бундес лигата, со која го одржуваат чекорот со водечкиот тандем.
На гостувањето кај Хохенхајм, а во натпревар од 26.коло, Штутгарт победи со 3-0.
Уште во првиот дел популарните „шваби“ го најавија триумфот, откако направија два гола предност.
Стрелци на головите беа во првиот дел беа Милито (16.минута) и Гуираси (45+1). Победата ја потврди Левелинг со голот во 68-та минута.
Штутгарт кој е трет на табелата сега има 56 бодови, четири помалку од минхенски Баер, но девет помалку од лидерот Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ утре гостуваат кај Фрајбург.