По Лигата на шампионите, вечерва ќе ги добиеме и четвртфиналистите во УЕФА Лигата на Европа.

Во дата термини (18.45 и 21 часот) ќе се одиграат по четири реванш натпревари од осминафиналната рунда.

Екипите на Ливерпул, Милан, Рома и Олимпик Марсеј со „една нога“ веќе се четвртфиналисти. Овие тимови забележаа убедливи победи на првите натпревари, па вистинско чудо би било доколку не продолжат понатаму.

Затоа пан на останатите четири натпревари се е отворено. Во три од нив, првите дуели завршија со нерешен резултат, а само Фрајбург ќе има минимална предност на гостувањето кај Вест Хем.

Затоа на тие дуели ќе може да очекуваме отворен и неизвесен фудбал.

УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ реванш натпревари
од 18.45 часот
РЕНЏЕРС – БЕНФИКА (2-2 прв натпревар)
СЛАВИЈА ПРАГА – МИЛАН (2-4)
ВИЉАРЕАЛ – О. МАРСЕЈ (0-4)
ВЕСТ ХЕМ – ФРАЈБУРГ (0-1)
од 21 часот
АТАЛАНТА – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (1-1)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – КАРАБАХ (2-2)
БРАЈТОН – РОМА (0-4)
ЛИВЕРПУЛ – СПАРТА ПРАГА  (5-1)