Реал Мадрид беше сигурен до победа против Селта де Виго. Со победа од 4:0 „кралевите” со покер продолжија во походот кон трофејот во Ла Лига.
Во првиот дел Реал Мадрид доминираше на посед и во опасна игра. Голот кој го отвори натпреварот го постигна Винициус во 21.та минута, кој собра „отпадок“ по одбранетиот удар од корнер на Антонио Рудигер. До крајот на првиот дел Селта имаше свои шанси, но не беа доволни да го загрозат Лунин.
Во вториот дел Селта проба да пружи отпор на Реал, но кралевите квалитетно се бранеа. На 2:0 зголеми токму Рудигер кој повторно биеше добро од корнер, за Гваита да си постигне автогол. На 3:0 зголеми Домингез од Селта со нов автогол кој си го постигна по нафрлување на Винициус. Конечните 4:0 ги постави Арда Ѓулер со неговиот деби гол.
По 28 одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид е лидер со 69 бода. Џирона и Барселона ги следат кралевите со 62 бода, односно 61 бод. Селта Виго се на 17-та позиција со 24 бода и 2 бода над опасната зона.