Рајо Валекано загуби на гостински терен од Алавес со минимални 1:0. Нашиот Столе Димитриевски имаше три одбрани на натпреварот, но успеа да ја сочува својата мрежа.
Во финишот на првиот дел екипата на Алавес постигна погодок за водство од 1:0 во 44-тата минута. Стрелец на погодокот беше десниот бек на домаќините, Андони Горозабел.
Иницијативата во второто полувреме ја презема Рајо и успеа да креира неколку прилики но беа немоќни во реализација.
Изи Паласон ја погоди пречката во последната минута од натпреварот, па крајниот резултат остана 1:0 како и на полувремето.
Рајо и Столе и покрај поразот се надвор од опасната зона на шестнаесеттото место со 26 освоени бодови, два повеќе од Селта која ова вечерва му гостува на Реал со почеток од 18:30 часот и 4 повеќе од 18-то пласираниот Кадиз.