Фудбалерите на Баер Леверкузен остварија нова победа со која ја одржуваат големата бодовна предност во однос на актуелниот шампион минхенски Баерн.
Популарните „фармацевти“ славеа пред своите симпатизери против Волфсбург со 2-0 во натпревар од 250тото коло.
Работата им ја олесни Мориц Јенц кој по 28-минути беше исклучен, заработувајќи два жолти картони.
Тоа прво го казни Натан Тела во 37.минута за водство од 1-0. На вториот гол се чекаше се до самиот финиш која Флориан Вирц во 86-тата ги постави конечните 2-0.
Баер со новите бодови сега има вкупно 67, дури 10 повеќе од второ пласираниот Баерн Минхен, а 14 од Штутгарт кој е трет.