Предмалку нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски загуби со 1-2 во рунди од белорусинот Плонес и остана без олимписка норма.
Па така Дејан нема да го брани сребрениот медал од Летните Олимписки игри во Токио.
Дејан Георгиевски бркаше олимписка норма на квалификацискиот турнир во Софија и беше запрен во 1/4 финалето.
На тој начин Македонија загуби еден голем адут за освојување на барем еден медал од следните олимписки игри што оваа година ќе се одржуваат во Париз, Франција.