Англискиот шампион Манчестер Сити обезбедија пласман во четвртфиналето на ФА Купот. Сити, кој впрочем е и бранител на трофејот во ова натпреварување, како гостин го совлада Лутон со 6:2 во осминафиналето.
Натпреварот одигран на „Кенилворт Роад“ стадионот, го одбележаа тројца фудбалери. Халанд со пет гола и Де Брујине со четири асистенции за гостите и Клалк кој ги постигна головите за Лутон
Целата работа популарните „Граѓани“ ја завршија уште во првото полувреме, кога Норвежанецот, Ерлинг Халанд веќе оствари „хет-трик“. Серијата ја отвори во 3-та, а веќе во 18-тата минута зголеми на 2:0. Третиот гол Халанд го постигна во 40-тата минута. Голеадата во првиот дел со прекрасен погодок ја заокружи Џордан Кларк кој намали на 1:3.
Истиот фудбалер во 58.минута втор пат се запиша во листат на стрелци за 2:3. Но, тандемот Де Бруине – Халанд веднаш возвратија. Белгиецот во 55.минута и четврти пат му асистираше на Норвежанецот за 2:3, кој пак три минути подоцна го постигна и петтиот гол. Во листата на стрелците се запиша и Хрватот, Матео Ковачиќ поставувајќи ги конечните 6:2 за Сити.
Покрај Манчестер Сити, вечерва меѓу осумте најдобри се пласира екипата на Лестер кој по продолженија, а со голот на Фатаву (105.минута) како гостин славеше кај Борнемут со 1:0.
Дополнителни 30.минути се игра и на дуелот Блекбурн – Њукасл, откако резултатот по 90-минути беше 1:1.
Вчера пласман во следната рунда обезбеди Ковенти кој со 5:0 го победи Маидстон.
Списокот на четвртфиналисти во ФА купот ќе биде комплетиран утревечер.