Нова интересна ракометна „претстава“ нé очекува денеска. Откако вчера во Кавадарци беше одиграно дербито меѓу Тиквеш и Вардар (22-20), денеска во Битола гостува Охрид.

Шампонот Еурофарм Пелистер кој пред само три дена играше тешко меч во Лигата на шампионите, попладнево е пред нов предизвик.

Зелено-белите ќе ја имаат улогата на фаворит во дуелот со амбициозниот тим на ГРК Охрид, која секако треба да ја потврдат на теренот. Дуелот во „Боро Чурлевски“ ќе биде своевиден кам-бек на охридскиот тренер Стефче Алушовски и долгогодишниот пелистерец Гоце Ојлески.

Двата тима во овој натпревар влегуваат со по 8 бодови, четири помалку од лидерот Алкалоид, а веднаш зад нив е Тиквеш со 7.

Затоа, исходот на овој меч може многу да го насочи текот на првенството во битката за шампионскиот трофеј, иако до крајот има уште многу натпревари.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе почне од 18 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ:

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 3.КОЛО
недела

18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
сабота
ТИКЕШ – ВАРДАР 22-20
СТРУГА – АЛКАЛОИД 22-32
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ 20-18

ТАБЕЛА: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Пролет 3, Бутел 1 и Струга 0.