Екипите на Милан и Аталанта одиграа „мирољубиво“ без победник во натпреварот од 26.коло на серија А.
Дуелот одигран на „Сан Сиро“ во Милано заврши без победник 1:1.
Двата гола беа постигнати во првиот дел.
Домаќините поведоа уште во 3-тата минута во со голот на Рафаел Леао. Гостите во финишот (42) добија најстрога казна. Сигурен реализатор беше Копмајнерс за 1:1.
И тоа беше се што понудија двата тима. Второто полувреме мина во надмудрување пред се на средината на теренот, со спорадични обиди да се загрози противничкиот гол.
Со по еден освоен бод двата тима остануваат на позициите на кои беа беа и пред ова коло. Милан е трет со 53, а Аталанта петта со 46 бодови.
Далеку на врвот е Интер кој има 66 бодови и натпревар помалку.