Екипата на Јувентус се изнамачи да стигне до трите бодови во дуелот против Фросиноне.
На натпреварот од 26.коло во Серија А, Јувентус со гол во петата минута од судиското дополнение славеше победа со 3:2.
А, се започна одлично за домаќините. Влаховиќ во 3-тата минута му донесе водство на Јуве од 1:0.
Следуваше пресврт. Со погодоците на Чедира (14) и Брешанини (27.минута) Фросиноне го сврте резултатот во своја полза и поведе со 1:2.
Влаховиќ со вториот гол (32) израмни на 2:2.
Тој резултат беше актуелен се со петата минута од судиското дополнение. Србинот, со асистенција до Ругани помогна Јуве да стигне до триумф со конечни 3:2.
Јувентус кој сега има 57 бодови е на -6 од лидерот Интер кој денеска му гостува на Лече.