Во НБА лигата ноќеска беа одиграни десет натпревари.
Никола Јокиќ повторно оствари троен ефект. Откако пред една вечер Србинот стана само третиот играч кој остварил таков учинок против сите екипи во лигата, ноќеска тој повторно имаше трипл-дабл. Јокиќ во победат на шампионат Денвер над Портланд со 127:112, постигна 29 поени, на кои додаде 15 скока и 14 асистенции. Тоа е 170ти троен ефект на Јокиќ сезонава.
Одлична вечер имаше и Леброн Џејмс кој постигна 30 поени „зачинети“ со 9 асистенции и 7 скока. Тој заедно со Ентони Дејвис кој оствари дабл-дабл со 28 поени и 13 скокови го предводеа ЛА Лејкерс до победа над Сан Антонио со 123-118.
Дебитантот, Виктор Вамбењама за „Спарси“ постигна 27 поени, а имаше и 10 скокови и 7 асистенции.
Интересен дуел одигра и Хјустон и Феникс во кој победникот беше решен во неизвесна завршница. На триумф се радуваа домаќините со 114-110.
Иако Кевин Дурент беше најефикасен на натпреварот со 28 поени, а зад него бела соиграчите Бол и БУкер со по 25 „Сонцата“„ го претрпеа 24-тиот пораз сезонава, но останаа трети во западната конференција.
Резултати на останатите натпревари:
Атланта – Торонто 121:123
Филаделфија – Кливленд 104:97
Мемфис – ЛА Клиперс 95:101
Њу Орлеанс – Мајами 95:106
Оклахома – Вашингтон 147:106
Голден Стејт – Шарлот 97:84
Минесота – Милвоки 107:112
Портланд – Денвер 112:127