Во Германската Бундес-лига попладнево се одиграа четири средби од 23-то коло.
Висока победа на домашен терен забележа тимот на Борусија Менхенгладбах откако со 5-2 славеше против тимот на Бохум на нашиот репрезентативец Елези.
Домашниот состав мечот го реши уште во првиот дел кога имаше водство од 2-0, а во 72-та минута во вториот дел поведе и со 3-0.
Бохум намали на 3-1 со голот на Хофман во 75-тата минута, а три минути подоцна Менхенгладбах зголеми и на 4-1 преку Џордан.
До крајот на мечот и двата тима постигнаа по уште еден гол за конечни 5-2 за Менхенгладбах и важни три бода во борбата за опстанок во елитното друштво.
Нашиот репрезентативец Агон Елези беше на клупата на Бохум, но не доби шанса да влезе во игра.
На другите средби три реми натпревари.
Унион Берлин одигра само 2:2 против Хајденхајм иако важеше за голем фаворит. Штутгарт киксираше против Келн играјќи 1-1, а со истиот резултат заврши и средбата помеѓу Вердер и Дармштад.