Бразилката, Талита Алмеида потпиша со тимот на Ѓорче Петров. Во актуелниот македонски ракометен шампион, во женска конкуренција,  ова е прво засилување за оваа полусезона .

25 годишната Талита Алмеида игра на позицијата десен бек. Трансферот во тимот на Ѓорче Петров за Талита е нејзин прв интернационален предизвик. Таа со „Лавиците“ од Ѓорче Петров потпиша на година и пол.

Бразилката последните три години беше дел од тимот на Санта Катарина.

Алмеида од неодамна е дел од репрезентацијата на Бразил. Таа првиот повик за националниот тим го доби во јануари, за тренинг сесија и настап на пријателски турнир во Португалија. 

Ѓорче Петров во домашната лига останува непоразен со максимални 14/14 и на табелата останува на првата позиција со 42 бода.

Ѓорчепетровки ги чека и предизвик во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник ја има шпанската екипа Елче во март.

Ивона Кимовска