Вториот ден на Ол-стар НБА викендот во Индијанаполис се одржа натпреварувањето во шутирање тројки.
Кошаркарот на Милвоки „Бакс“, Демјан Лилард ја одбрани титулата освоена минатата година.
Лилард во финалето беше подобар од победникот во 2022 година, Карл-Ентони Таунс и играчот на Атланта, Треј Јанг.
Лилард со тоа стана вториот играч кој успеал две години во низа да биде најдобриот шутер за тројка. Тоа претходно му успеа на Џејсон Капоно во 2007 и 2008 година.
Воедно Лилард му се придружил на Стеф Кари како еден од осумте играчите кои победувале повеќе пати во ова натпреварување.
А, кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари беше подобар од Сабрина Јонеску во шутирање на тројки.
Рекордерот во постигнати тројки во НБА, Кари беше подобар од од рекордерката во женска конкуренција кошаркарката на Њу Јорк „Либерти“, Јонеску.