Во Германската Бундеслига се одиграа пет средби од 22-то коло. За одбележување е новата победа на Баер Леверкузен.
Четата на Чави Алонсо стигна до уште една победа во Бундеслигата откако нагости славеше против Хајденхајм со 1-2.
Стрелци на головите за фармацевтите беа Фримпонг и Адли во 47-мата минута и 81-та кога Леверкузен поведе со 0-2.
Сепак домашните постигнаа почесен гол во 87-та минута за конечни 1-2 за Баер и продолжување на серијата без пораз на 32 меча по ред.
Дортмунд како гостин не успеа да ги однесе сите три бода против незгодниот Волфсбург и одигра 1-1. Милионерите поведоа преку Филкруг, а Волфзбург израмни преку Герхарт во вториот дел и се избори да остане непоразен.
Штутгарт славеше важна победа исто така нагости против Дармштад и го задржа третото место кое следната сезона води во Лигата на шампионите.
Гостите уште во 14-тата минута поведоа преку Гуираси, а Штензел поради два жолти картони ги остави ,,швабите,, во големи проблеми во вториот дел.
Сепак Штутгарт им одолеа на нападите на Дармштад и во 92 минута зголеми на 0-2 преку Даху, а домашните дури во 96-тата минута постигнаа почесен гол за конечни 1-2.
На другите средби, Унион Берлин славеше важна победа против Хофенхајм од 1-0, а Мајнц победи на домашен терен против Аугсбург со 1-0.
Денеска на програмата од 18.30 часот се игра дуелот помеѓу Лајпциг и Б.Мехенгладбах.