Екипата на Шалке за која настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов забележа важна победа.
Во натпреварот одигран во Гелзенкирхен, а во рамките 22.коло на Втората Бундес лига, Шалке го победи Веен со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат од пенал во 60.минута, а стрелец беше Караман.
Веднаш по голот Чинов, кој беше стартер, беше повлечен од игра.
Шалке кој останува на 14,место на табелата, сега има 26 бодови еден помалку од денешниот противник и Магдебург.
Тимот од Гелзенкирхен ќе води голема борба за опстанок во втората германска лига.