Атлетико Мадрид со „петарда” го поздрави Лас Палмас. На „Ванда Метрополитано” Лас Палмас загуби со 5:0.

Во првиот дел Атлетико само ја покажа својата моќ. Маркос Љоренте беше стрелец два пати. Првиот пат во 15.та минута, а потоа и во 20.та минута. На полувреме се замина со 2:0.

Анхел Кореа на самиот старт на вториот дел зголеми на 3:0. Кореа со својот втор погодок зголеми на 4:0. Овој пат дтрелаше од „белата точка” во 61.та минута. Мемфис Депај го затвори резултатот на 5:0 со гол во 87.та минута.

„Гардата” на Чоло Симеоне дојде до 3.та позиција во Ла Лига. На 25 одиграни натпревари дојде до 51 бод исто колку Барселона која има натпревар помалку. Лас Палмас иако беше „бомбардиран” останува на 8.та позиција со учинок од 35 бода на 25 одиграни натпревари.

Андреј Велјановски