Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија.
Таа во 1.коло загуби од Русинката, Александра Шубладзе со 2-0 во сетови.
Првиот сет беше под целосна контрола резултатски Русинката, која поведе со 5:0 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет до 3:3 беше нерешено. Следните три гема и припаднаа на Шубладзе која го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.
Слабата реализација на Ѓорческа на брејк топки е причината за поразот. Македонската тенисерка имаше скор од 3/16, додека противничката 6/9.
Поради дождот организаторите на турнирот во Анталија имаа проблеми со програмата, а овој меч требаше да се игра во вторникот.
Ѓорческа следниот настап ќе го има на турнир во Трнава.