Милан на својот „Сан Сиро“ минимално 1:0 го совлада Наполи во дербито од 24.коло во италијанската Серија А.
Единствениот и победнички погодок на натпреварот од редовите на Милан го постигна Тео Ернандез.
Возбудливо дерби во Милано одиграа Милан и Наполи со голем број прилики на двете страни.
Левиот бек на Милан, Тео Ернандез, одлично го испрати додавањето на Рафаел Леао и погоди за 1:0 во 25-тата минута.
До крајот имаше прилики на двете страни, но две сериозни прилики не искористи Леао за зголемување на водството.
Во судиското надополнување имаше контроверзна ситуација пред голот на Мајк Мењан, каде што имаше игра со рака во шестнаесетникот, но по прегледување на Вар снимката судијата не досуди пенал за гостинот.
Конечниот резултат остана 1:0 за „росонерите“.
По оваа победа, Милан е на третото место на табелата со 52 освоени бодови и продолжува да му дише во врат на Јувентус, кој има еден повеќе, но и натпревар помалку.
Наполи пак продолжува да ја бара формата од лани и моментално се наоѓа на 9-тата позиција со 35 бодови.