ВИзбраниците на Стефано Пиоли со пресврт успеаја да триумфираат над Фросиноне на гостински терен со 3:2. Победоносниот погодок го постигна Лука Јовиќ во 81-та минута.
Оливие Жиру му донесе предност на Милан од 1:0 во 17-тата минута по одличниот удар со глава во шестнаесетникот.
Фросиноне со прецизно изведениот пенал на Матијас Соле во 24-тата минута дојде до изедначување на 1:1. Во 65-тата минута на негова асистенција, капитенот Лука Мацители биеше за 2:1.
Милан набрзо возврати односно во 72-та Матео Габија прекрасно го испрати додавањето со глава на Жиру и погоди за 2:2. Нововлезениот Лука Јовиќ постигнувајќи гол во 81-та минута го комплетираше пресвртот на „росонерите“ и воедно го постави и конечниот резултат на натпреварот 3:2.
Со оваа победа, Милан е на третата позиција на табелата во Серија А со 49 освоени бодови, четири помалку од Јувентус и 5 од Интер но и натпревар повеќе.