Ливерпул продолжува со победите во Премиер Лигата. Секоја победа е значајна за „црвениот” дел на Ливерпул бидејќи сакаат да го испратат својот омилен Клоп со трофеј од Премиер Лигата.
Иако на нивниот пат застана Челзи, сепак силите од Лондон беа лесен „залак“ и загубија со 4:1.
Во првото полувреме Ливерпул покажа класа. Најпрво Диого Жота не можеше да биде запрен кога постигна гол за 1:0. Конор Бредли зголеми на 2:0 по асистенција на Луис Диаз. Дарвин Нуњез промаши пенал во продолжението во 47.та минута.
Во второто полувреме се виде малку повеќе борба на терен и подобар Челзи.
Доминик Собозлаи зголеми на 3:0. Нкунку со својот гол намали на 3:1. По невнимателно изгубена топка на Челзи на 4:1 зголеми Луис Диаз.
Со овој триумф Ливерпул се зацврстуваат на првата позиција во Премиер Лигата. По 22 кола имаат 51 бод. Челзи остануваат на 10-та позиција со 31 бод на 22 одиграни натпревари.