Екипата на Јурген Клоп го совлада Норич со 5:2 на домашен терен и се пласираше во осминафиналето на англискиот ФА купот.
Голеадата започна во 16-тата минута кога Кртис Џоунс му донесе водство на Ливерпул од 1:0. Набрзо, Норич успеа да изедначи на 1:1 со голот на Бенџамин Гибсон во 22-тата минута.
Повторно водство на „црвените“ пред крајот на првиот дел им донесе Дарвин Нуњез, кој одличната акција на Ливерпул ја заврши со погодок во 28-та минута за 2:1.
Во второто полувреме со головите на Диого Жота во 53-тата и Вирџил Ван-Дајк во 63-тата минута, Ливерпул дојде до предност од 4:1.
Вториот погодок за Норич го постигна младиот Борха Саинц, кој прекрасно биеше надвор од шестнаесетникот во 69-тата минута.
Конечните 5:2 ги постави Рајан Гравенберх во последната минута од натпреварот, а втора асистенција на натпреварот запиша Конор Бредли.
Ливерпул во осминафиналето ќе го чека подобриот од Ватфорд и Саутемптон, кои поради нерешен резултат (1:1) ќе играат уште еден натпревар.