Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано имаа ден за заборав во Ла Лига. Столе и неговиот Рајо загубија од Лас Палмас.
Иако доминираа на посед во првиот дел по игра на изгледаше баш така. Поопасни беа домаќините. Сепак тоа не беше доволно. Алберто Молеиро стрелаше за 1:0 во 35-та минута.
Во вториот дел само продолжи идентичното темпо. Столе и Рајо имаа очаен ден, а тоа го потврди и црвениот картон на Алваро Гарсија во 81-та минута. Веднаш во 83-та минута Хавиер Муњоз стрелаше за 2:0.
Столе и Рајо паднаа на 12-то место во Ла Лига, со 23 бода на 20 натпревари. Но, Рајо на Столе има и натпревар помалку. Додека пак Лас Палмас со 31 бод на 21 натпревар ја окупира 7-та позиција во шпанскиот шампионат.
Андреј Велјаноски