По серијата натпревари без триумф (три во лигата) екипа на Арсенал постигна победа во дуелот од 21. коло од Премиер лигата.
На „Емирати“ го совладаа градскиот ривал Кристал Палас со 5:0 и со 43 бода се изедначија на табелата со првакот Манчестер Сити и со Астон Вила и сите имаат два помалку од лидерот Ливерпул.
„Топџиите“ поведоа во 11. минута со голот по прекин на играчот од одбраната Габреил. Истиот фудбалер беше најзаслужен и за вториот гол. По лошата реакција на гостинскиот голман Дин Хендерсон, Габреил беше на вистинското место, а по неговиот удар топката го удри Хендерсон и влезе во голот (автогол).
На 3:0 по контрата на Жесус, зголеми Леандро Тросар во 59. минута.
Во судиското надополнување на вториот дел Мартинели на идентичен начин постигна два гола (90+4.минута и 90+5.минута).
Арсенал последната победа ја имаше пред повеќе од еден месец на 17. декември против Брајтон на домашен терен.