Македонските ракометари го одработија првиот тренинг на арената „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф. Тие утре од 18 часот со дуелот против Франција ќе го отворат Европското првенство.
Македонските голманите беа првите кои ги пренесоа своите импресии.
„Малку сме шокирани. Ова ќе биде историски натпревар. Преубава е атмосферата со празен стадион, а едвај чекаме да го видиме наполнет. Едвај чекаме да започне натпреварот“, изјави Марко Кизиќ.
Чувството го дели и и Мартин Томовски.
„Ќе биде чест и задоволство да се настапи на еден ваков стадион од големо значење, да се испише историја, нас ни останува да уживаме и да дадеме се од себе“, вели Томовски.
Според најавите на организатори, утрешното отворање на првенството, како и дуелот по него се очекува да го следат близу 55.000 гледачи на арената во Диселдорф.