Екипата на Милан е петтиот тим што обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Пред своите симпатизери Милан го победи Каљари со 4-1 во осминафиналната рунда.

Тиумфот го најави Србинот, Лука Јовиќ со двата гола во првото полувреме (29 и 42.минута).

По само пет минути игра во вториот дел (50) Траоре зголеми на 3-0. Во самиот финиш (88) Ази намали на 1-3, а конечните Милан – Каљари 4-1 ги постави Рафаел Леао (90+2).

Така Милан во четвртфиналето им се приклучи на Фиорентина, Лацио, Фросиноне и Болоња.

Последните три тима за четвретфиналната рунда на Копа Италија ќе ги дознаеме утре и задутре.

КУП НА ИТАЛИЈА ОСМИНАФИНАЛЕ
Среда (3 јануари)

18.00 АТАЛАНТА – САСУОЛО
21.00 РОМА – КРЕМОНЕЗЕ
Четврток (4 јануари)
21.00 ЈУВЕНТУС – САЛЕРНИТАНА