Екипата на Нотингем Форест ја забележа втората победа во низа, откако претходно се немаше радувано на седум по ред. Во дуелот пред своите симпатизери Нотингем Форест го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1.
По релативно мирното прво поливреме во кое немаше могу шанси, во второто беа постигнати трите гила.
Во 61.минута Домингез им донесе предност на домаќините.
Во 78-та по брзата контра и големата грешка на домашната пдбрана, Маркус Рашфорд израмни на 1-1.
Не требаше многу за нова радост на навивачите на Нотингем. Во 82-та минута Гибс Вајт го постигна вториот гол за конечни 2-1 за Форест.
Јунајтед повторно не може да врзе две победи во низа, па остана на 31 бод и на 7-мото место на табелата.
Нотингем Форест за кој ова е прва победа над Манчестер од 1992 година, е 15-ти со 20 бодови.