Со приклучувањето на капитенот Никола Митревски, македонската машка ракометна репрезентација е комплетна.

Искусниот голман поради обврски со својот тим Порто, последен се приклучи на селекцијата во Стара Пазаова.

Таму македонските ракометари го одработуваат првиот дел од подготовките за Европскиот шампионат во Германија.

Со Митревски составот е комплетен, па селектпорот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите 19-мина ракометари кои се најдоа на неговиот список.

Во каква форма се Лазаров ќе види на контролниот меч со Црна Гора закажан за 29 декември (петок)