Голема драма во вечерашниот натпревар од 18.коло во Премиер лигата видоа љубителите на фудбалот. Екипата на Астон Вила се спаси од пораз во судиското дополнение, а со освоениот бод изби на второто место на табелата.
Претпоследно пласираниот тим на Шефилд Јунајтед беше пред големо изненадување.
Драмата се случуваше во последните мигови од натпреварот. Гостите во 87.минута со погодокот на Арчер поведоа.
Домаќините фрлија се на една карта и тоа донесе израмнување. Се играше осмата минута од судиското дополнение кога Заниоло постигна гол за израмнување и делириум на трибините.
Со освоениот бод, Астон Вила сега има 39, колку и прво пласираниот Арсенал кој утре му гостува на Ливерпул кој е на трет со 38 бодови.