Традиционално на крајот на календарската година, се прогласуваат најдобрите спортисти. Таков беше и случајот денеска кога Град Скопје ги прогласи најдобрите за 2023-та.
Светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски е лауреатот на главниот град за 2023-та.
И во младинска конкуренција признанието му припадна на кик-боксрот Силвио Мировски.
За најуспешна спортска екипа прогласена е „Специјална Олимпијада“.
Дејан Митровски го понесе признанието за најдобар тренер, а Андреј Стојановски, за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност.
Оваа година, во категоријата, Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати, не е доделена.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска конкуренција (мажи и жени), наградени се: Бобан Илиоски – Кик Бокс Мери Акиевска – Фитнес и аеробик Игор Стефановски – Иџе – Автомобилизам Дејан Георгиевски – Таеквондо Ахмад Магомедов – Борење Дарио Ивановски – Атлетика Лина Ѓорчевска – Тенис Андреас Трајковски – Атлетика Петар Заборски – Карате Петар Спасеновски – Карате ол | Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени): Силвио Мировски – Кик бокс Витомир Трајковски – Карате Калин Ивановски – Тенис Стефан Стојановиќ – Карате Бесир Алили – Боење Ива Богдановска – Џудо Георгина Блажеска – Џудо Јована Мицовска – Карате Иван Галевски – Ракометен Никола Ѓуретановиќ – Пливање |