Мигови ја делеа екипата на Џирона да израмни рекорд во шпанската Ла Лига. Најпријатното изненадување сезонава во Шпанија, Џирона си отиде само со бод против Бетис. Во дербито 16.коло, Пецела донесе вреден бод за екиптата на Мануел Пелигрини. Резултатот на натпреварот беше 1-1.
Во првиот дел Џирона доминираше во секое поле. Плод добија по пеналот којшто го реализираше Довбик во 39-та минута.
Вториот дел продолжи со истото темпо. Бетис си имаше свои шанси, но Џирона го контролираше мечот. Сепак Бетис не се откажа и по корнер во 88-та минута Пецела даде гол за израмнување.
Со тоа Џирона пропушти шанса да ја забележи осмата победа во низа на гостински терен. Тоа досега во Ла Лига им успеало само на Реал Мадрид и Барселона.
Со овој бод Џирона сеуште ја држи првата позиција во Ла Лига со 45 бода по 18 кола. Бетис е на 7-та позиција со 28 бода.
Андреј Велјаноски