Последното коло во Бундес лигата за оваа година започна вечерва. Сигурни победи обезбедија лидерот Леверкузен (4:0) и Штутгарт (3:0), додека Баерн се изнамачи со Волзбург (2:1).
Фантастичната непобедлива форма на Чаби Алонсо со Леверкузен продолжи и против Бохум. Чехот, Патрик Шик, со хет-трик во првиот дел и донесе водство од 3:0 на својата екипа, а во продолжението Виктор Бонифејс ја осигура победата од 4:0.
Баерн Минхем дојде до победа над Волзбург со 2:1 во гости. Тие поведоа со 2:0 со головите на Џамал Мусијала и Хари Кејн, а на 2:1 намали Максимилијан Арнолд.
Штутгарт триумфираше на домашен терен над Аугзбург со убедливи 3:0. Головите ги постигнаа Ундав, Гираси и Фухрих (18′, 45+1′ и 69′).
Во последното коло пред новата 2024 година, Леверкузен останува на врвот со 42 бодови и натпревар повеќе од второпласираниот Баерн, кој има 38. Штутгарт е трет со 34, еден помалку има Лајпциг на четвртата позиција, а Дортмунд е 5-ти со 27 бодови.