Италијанскиот шампион Наполи и трета година во низа не успева да се пласира во четвртфиналето на „Копа Италија“. 

Наполитанците пред своите симпатизери во осминафиналната рунда беа изненадени и елиминирани од Форисноне кој победи со 3-0. 

Во 37.минута Џовани Симеоне постигна гол за Наполи, но беше поништен по претходна игра со рака. 

Во вториот дел гостите постигнаа два брзи гола. Во 65.минута Баречета донесе предност од 1-0, а пет минути подоцна Касо зголеми на 2-0. Фросиноне одигра одлично и во продолжението и речиси не му даде шанса на Наполи воопшто ниту да се понадева. Напротив во 91.минута Шедира од пенал зголеми на 3-0, а Харауи (90+5) ги постави конечните 4-0 за гостите.

Инаку македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас воопшто не беше во составот на Наполи за вечерашниот меч.

Фросиноте е третата екипа кој обезбеди четврт-финале , откако претходно тоа го сторија Фиорентина и Лацио. 

Утре че го дознаеме и четвртиот тим кој ќе биде меѓу осумте најдобри откако Интер и Болоња ќе ја одиграат својата осминафинална пресметка. 

Останатите натпревари од оваа рунда се по Нова година.

КУП НА ИТАЛИЈА ОСМИНАФИНАЛЕ
19.дек. НАПОЛИ – ФРОСИНОНЕ  0-4
20.дек. ИНТЕР – БОЛОЊА 21 часот

02.јан.24 МИЛАН – КАЊАРИ
03.јан.24 АТАЛАНТА – САСУОЛО
03.јан.24 РОМА – КРЕМОНЕЗЕ
04.јан.24 ЈУВЕНТУС – САЛЕРНИТАНА