Баерн Минхен го совлада Штутгарт со 3:0 на „Алијанц арена”, не дозволувајќи му на Леверкузен да се оддалечи.
Одлично го започнаа натпреварот фудбалерите на Томас Тухел и уште во втората минута со голот на Хари Кејл дојдоа до водство од 1:0.
Оваа предност можеше да биде и поубедлива на паузата бидејќи Вар им поништи на Баерн два голови поради офсајд.
Во 55-тата минута Кејн го постигна својот втор гол на натпреварот по асистенцијата на Ким и зголеми на 2:0. А по 8 минути игра Ким се запиша и во стрелците поставувајќи ги конечните 3:0.
Баерн со оваа победа дојде до 35-тиот бод му се доближи на првопласираниот Леверкузен на 4 бодови со натпревар помалку.