Јасмине Фрули е победничка на спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Вал Дизер.
Швајцарката беше најбрза, а патеката ја мина во време од 1:43.47 минути. Тоа беше за 22 стотинки побрзо од сонародничката Јоана Хеилен.
До третото место стигна Австријката, Корнелија Хутер која заостана 24.стотинки зад победничката.
Водичката во генералниот поредок во спуст, Софија Гоџа заврши на четвртото место.
Американката, Михаела Шифрин е лидер во севкупниот генерален пласман со 195 бодови повеќе од Федерика Брињоне која денеска на спустот беше осма.