Последниот натпревар од првиот дел од ракометниот шампионат ќе се одигра вечерва во Кавадарци меѓу ГРК Тиквеш и вицешампионот Алкалоид.
Домашниот тим доколку успее да освои најмалку бод ќе го освои второто место во групата А.
Во моментов кавадарчани имаат ист број бодови (33) со ГРК Охрид, но послаб меѓусебен скор (во Кавадарци 32:30 за ГРК Тиквеш и во Охрид 36:31 за ГРК Охрид).
Сепак во тимот од Кавадарци се надеваат дека можат да го повторат ланскиот резултат со Алкалоид кога на домашен терен одиграа нерешено 31:31, а со тоа и да ги израдуваат бројните фанови на ракометот во нивниот град.
Со свои мотиви и желба за победа ќе истрчаат и избраниците на тренерот Кирил Лазаров. Тие сакаат првиот лигашки дел да го завршат со сите победи.
Натпреварот ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, додека делегат на натпреварот е Драган Начевски. Дуелот се игра во спортската сала „Јасмин“, а почетокот е во 19 часот.