Актуелните светски шампиони, ракометарите на Норвешка, очекувано се пласираа во полуфиналето на Светското првенство.
Пред својата публика во Трондхајм, Норвежанките во четвртфиналето ја победија Холандија со 30:23.
Норвешка во петок ќе игра во полуфиналето во Хернинг против победникот од мечот меѓу Данска и Црна Гора кој ќе се игра вечерва од 20.30 часот.
Претходно (16.30 ч.) за место меѓу четирите најдобри ќе се борат Шведска и Германија.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето оди на мегдан на олимпискиот шампион Франција која победи против Чешка.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Вторник
Франција – Чешка 33-22
Норвешка – Холандија 30-23
Среда
17.30 Шведска – Германија
20.30 Данска – Црна Гора
ПОЛУ-ФИНАЛЕ
Петок
17.30 ФРАНИЦЈА – Шведска / Германија
20.30 НОРВЕШКА – Данска / Црна Гора
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
Недела
16.00 за 3.место
19.00 Финале