Со натпреварот што ќе се игра вечерва во Прилеп, а во кој истоимената екипа ќе биде домаќин на шампионот Еурофарм Пелистер ќе започне последното 14-то коло во машката Супер лига.
Во оваа рунда која ќе трае се до сабота, за кога е закажано дербито меѓу Тиквеш и Алкалоид, треба да ги дознаеме последните два тима кои ќе играат во плеј-оф конкуренцијата.
Во групата А, место меѓу осумте најдобри веќе обезбедија, Алкалоид, Тиквеш и Охрид, додека на четвртото место конкурираат Струга и Еурофарм Пелистер 2.
Стружани имаат предност од 3 бода, па ним доволен ќе им биде и нерешен резултат во дуелот со Аеродром што ќе се игра утре.
Во групата Б, покрај Вардар и Еурофарм Пелистер, сигурно учество во плејофот има и екипата на Бутел Скопје. За четвртата позиција претендираат Пролет и Голден Арт.
Како стојат работите тимот на Пролет кој во оваа рунда игра со Бутел ќе биде последниот патник меѓу осумте најдобри.
Ова имајќи в предвид дека Голден Арт е аутсајдер во мечот со Вардар кој секако нема пропушти да остане прв на табелата, а со тоа да пренесе 3 бода во следната фаза.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
А ГРУПА 12.12. вторник 20.00 СТРУГА – АЕРОДРОМ 20.00 КУМАНОВО – Е. ПЕЛИСТЕР 2 13.12. среда 18.00 ОХРИД – СКОПЈЕ 16.12. сабота 19.00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД | Б ГРУПА 11.12. понеделник 19.00 ПРИЛЕП – Е. ПЕЛИСТЕР 13.12. среда 18.00 ВАРДАР – ГОЛДЕН АРТ 18.30 ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 18.30 ВАРДАР Неготино – МУЛТИ ЕСЕНС |