Екипите на Рома и Фиорентина на „Олимпико“ во Рим одиграа супер интересен натпревар во кој домаќините заработија два црвени картони, а натпреварот заврши без победник 1-1.

Рома го отвори натпреварот одлично. Поведе уште во 5-тата минута со голот на Ромелу Лукаку.

Но, во второто полувреме почнаа проблемите за тимот на Мурињо.

Прво Залевски доби втор жолт картон и мораше предвреме да го заврши натпреварот. Само  две минути подоцна Мартинез Кварта израмни на 1-1.

Пред самиот крај на натпреварот стрелецот Лукаку доби директен црвен картон.

Рома останува на 4-та позиција до 25 бода, а Фиорентина е 7-ма А со 24 бода.

Андреј Велјаноски