Претпоследната десетта рунда во Втората машка кошаркарска лига носи големо дерби. 

Во него ќе се сретнат досега не поразениот тим МКК Куманово и екипата на Маџари, двата тима кои досега одиграа најдобро.

Предводени од екс селекторот на Македонија, Марин Докузовски, кумановци на деветте досегашни натпревари забележаа победи. Од другата страна легендарниот Перо Блажевски, го предводи новајлијата Маџари. И оваа екипа игра во одлична форма. По стартниот пораз од Водно Санс, екипата на Маџари е во серија од осум победи. 

Домашниот терен сакаа е биде одредена предност за кумановци, како и неколкуте искусни играчи, пред се Марјанчо Јаневски, го чини овој тим фаворит на натпреварот.

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Недела
18.00 МКК КУМАНОВО – МАЏАРИ
18.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ТЕТЕКС
Сабота
ВОДНО САНС – КУМАНОВО 2009 115-60
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 60-68
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 103-67
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 97-79

ТАБЕЛА: МКК Куманово 18 бодови, Шкупи 18, Маџари 17, Ангели 17, МЗТ Скопје У.Б. 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 11, Тетекс 10, Куманово 2009 9.